Новости

Останати

На Пелистер се одржа шестата по ред Downihill трка

Викендот,  од 1-3 Јуни 2018 год на Пелистер се одржа шестата по ред велосипедска Downihill трка организирана и беспрекорно спроведена од момците од велосипедскиот клуб Extreme Bike Team Bitola. Трасата на патеката се движи од Копанки до Детското одморалиште и е во должина од 2,1 км и висинска разлика од 425м.

Целиот натпревар беше спроведен според правилата на UCI (Union cycliste International).Распоредот на натпреварувачките денови беше: 1 Јуни разгледување на трасата од страна на возачите без велосипеди, на 2ри официјален тренинг, а на 3ти Јуни беше главниот спуст на кој му претходеа тренинг и квалификации. Оваа традиција годинава прерасна во втора по ред трка од Балканското првенство во Downhill дисциплината кое се за прв пат се организира оваа година и се одржува во 6 земји и тоа Романија, Македонија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Грција и Кипар.

Овој пат на трката зедоа учество рекордни 57 натпреварувачи од 8 земји Македонија, Бугарија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Романија, Грција и Австралија. Учесниците се натпреваруваа во 4 категории и тоа Мажи и Жени хоби, Мажи Јуниори, Мажи Мастерс и Мажи Елит. Во класата хоби имавме тотална доминација на македонските возачи и првите две места ги зазедоа Додиќ Стефан и Давчев Даниел, додека третото место му припадна на Калуџеровиќ Лазар од Црна Гора. Во класата Јуниори Првите три места ги освоија возачите од Бугарија Анчев Јордан, Белезирев Румен и Кобуров Иван. Во оваа категорија најдобро пласирани возачи од македонија беа Ѓорѓевиќ Лука и Угриновски Кристијан освојувајќи 5 и 6 место соодветно. Во најжестоката класа, односно Мажи Елит, првите три места ги поделија Бугарите ГатевСтивиан, Ковачев Росен и НејчевЈоан. Нашите најдобри возачи освоија одличен пласман и тоа Николовски Александар 7мо место и Даскаловски Јовче 8мо место. Понатаму Фидановски Александар 13 место, Цветкоски Оливер 14, Јовановски Стефан 16, Цветановски Мартин 18, Здравески Ивица 20, Кулевски Христијан 21 и Демировски Артан 22 место, сите членови на велосипедскиот клуб Extreme Bike Team.

„После покажаниот одличен успех и како во натпреварот така и во организацијата, за што сведочи големиот број на натпреварувачи како и нивните позитивни коментари, чувствуваме голем поттик, а и обврска да ја продолжиме традицијата со уште поголема организација а и на повисоко ниво на натпреварување како што е класификација на трката во UCI (Union cycliste International) Голема благодарност до сите оние кои што ни излегоа во пресрет како материјално така и финансиски во организирањето на овој спектакл во Македонија, без чија помош сето ова ќе беше недостижно. Дополнително мотивирани од огромната посетеност на овој настан од страна на љубителите на планината и спортот од нашиот град Битола а и од цела Македонија и соседството, продолжуваме со нови сили во организирање на уште поголем настан со поголем број на возачи и со уште попредизвикувачкa и по адреналинска траса,“ велат од Extreme Bike Team Bitola.

Меѓу главните спонзори на трката оваа година беа и спортските обложувалници Евротип.

GOLD
GoldSlot
To Top