Новости

Останати

Неврохирург откри страшни детали во врска со моменталната состојба на Шумахер

Неврохирург чија специјалност е лечење пациенти што претрпеле повреди на мозокот, откри страшни детаљи за здравствената состојба на Михаил Шумахер.

“Здравствената состојба сигурно нема да се подобри” се шокантните зборови на неврохирургот Колин Шеф.

Поминаа повеќе од четири години откако шампионот на Формула 1, Михаил Шумахер е тешко повреден на скијање. Од тогаш се наоѓа во кома. Неговото семејство се погрижи целата ситуација да ја држи во тајност, при што медиумите не можат да најдат информации за неговата здравствена состојба.

Познатиот неврохирург, Колин Шеф, иако никогаш не го лечел Шумахер, врз основа на неговото богато искуство откри се што може да се очекува во такви ситуации.

“Природата на повредата и информациите кои ги добиваме ни наговестуваат дека неговиот мозок претрпи голема штета. Како последица на тоа, неговиот мозок не функционира како мојот или како вашиот. Што повеќе е во таа состојба, се потешко можеме да очекуваме подобрување. Состојбата сигурно нема да се подобри.”

“Шумахер сигурно не може да зборува. Можеби е во состојба да покажува со рака, или само им се причинува на луѓето околу него, дека е несреќен или дека се чуствува пријатно. Или можеби може да ужива во гледањето на неговите деца или да ја слуша музиката што од секогаш му се допаѓала”, објаснува Шеф и продолжи.

“Целосно не може да оздрави. Многу долго е во оваа состојба и ги изгуби мускулите. Дури и да ги отвори очите и да почне да зборува, сигурно го има изгубено помнењето, а тоа ќе има влијание на однесувањето, така да повеќе не е истата личност. Во врска со делумното оздравување, секој напредок се смета за предност” рече познатиот неврохирург, а во врска за хонорарот од 200 илјади евра неделно, што семејството неделно ги издвојува за лечење на Шумахер смета дека таа сума е претерана.

GOLD
To Top