Новости

Останати

Новак Ѓоковиќ ќе биде прогласен за почесен граѓанин на Будва

Новак Ѓоковиќ ќе биде прогласен за почесен граѓанин на Будва, одлучи Советот на општина Будва откако едногласно ја усвои одлуката за започнување постапка за прогласувањето на Ѓоковиќ за почесен граѓанин.

„Славниот српски тенисер е познат во светот како личност која шири љубов меѓу луѓето, солидарен е и придонесува за унапредување на демократските вредности,“ стои во соопштението на општината.

Постапката за прогласување на Ѓоковиќ за почесен граѓанин требаше да биде започната во 2014 година, но поради апсења на членови на советот, таа се одложи.

faktor.mk

GOLD
GoldSlot
To Top