Новости

Останати

Оливера Наковска Бикова со светски рекорд и бронзена на Светското првенство во Кореја

 

Битолчанката Оливера Наковска Бикова во дисциплината воздушен пиштол жени, на Светското првенство во стрелаштво што се одржува од 01-12.05.2018 година во Чеонгју, Република Кореја, во основниот дел се пласираше на првото место од 31 натпреварувачка, стрелајќи во висина на изедначен светски рекорд 570 кругови.

Во финалето, Оливера го освои 3-то место и бронзениот медал со резултат од 214,3 кругови.

Во петокот таа обезбеди директна квота за учество на Параолимписки игри во Токио 2020 година.

Студирајте на БАС
To Top