Новости

Останати

Пелистер се засили со трет Американец, Бурел ќе игра во Битола

Кошаркарската екипа на Пелистер го засили ростерот со уште еден Американец.

Нов член на битолскиот клуб е Давид Бурел, што го потврди неговата агенција за трансфери „SIMS Basketball Placement Agency“.

Тој е трет американски интернационалец во дресот на пелистерци.

Битолчани неодамна го претставија новиот тренер Предраг Созовски, а во стручниот штаб ќе остане и искусниот Благој Печалев, додека за координатор на младинската екипа е назначен Мартин Јовановски.

GOLD
GoldSlot
To Top