Новости

Останати

Пионерките на Пелистер Волеј во Фајнл Фор

Голема и заслужена победа на нашите пионерки со максимални 3:0, Пелистер Волеј – Скопје Волеј (3:0) (25:06; 25:16; 25:16).

„Влеговме мотивирано уште на самиот старт и апсолутно ја оправдавме улогата на фаворит, а во првиот сет ја демолиравме екипата на Скопје Волеј од Скопје, на која и дозволивме само 6 поени. И во вториот сет започнавме доста енергично и самоуверено, а нашиот сервис беше нескротлив за противникот, што беше причина да добијат шанса и играчите од клупа, кои доста самоуверено си ја одработија задачата за крај на вториот сет.

Овие два сета беа сосема доволни во овај 1/4 финален дуел, затоа што во Скопје беше 3:1 за Пелистер, па по малото опуштање во 3 сет и благото водство на противникот, нашите одбојкарки направија брз преврат и ја заверија убедливата победа препуштајќи му на противникот само 16 поени, онолку колку што освоија и во 2 сет. Среќни сме што 2 од 3 младински екипи се во самата завршница, во трката за медали и тоа е само уште една потврда за успешната сезона, онака као и што беше зацртано на самиот старт“, велат тренерите на Пелистер Волеј.

На вчерашниот натпревар освоија 54 поени, 28 од напад, 24 АС поени и 2 директни поени од блок. Имаа само 16 грешки, од кои 8 пати од сервис, само 2 пати во напад, со 6 грешни приеми.

Поените за Пелистер Волеј ги освоија:

Андреа Стојановска 14
Георгина Станковска 12
Ивана Василевска 12
Ева Трпеновска 10
Стефани Најдановска 5
Ангела Нонкуловска 1

GOLD
To Top