Новости

Останати

Пионерките на Пелистер Волеј ја освоија шампионската титула

Пелистер Волеј е новиот шампион во пионерска категорија за сезоната 2018/2019.

Во големото финале совладана е екипата на Вардар од Скопје со 3:1 по сетови со (22:25; 25:19; 25:16; 25:21)

„Финалето го започнавме силовито и енергично и имавме на почеток убаво водство, но Вардар возврати и ни го одзеде првиот сет со 25:22

Во вториот и третиот сет Пелистер заигра убедливо и во ниеден момент не беше доведено во прашање кому ќе му припаднат овие сетови.

Во четвртиот одлучувачки сет се играше буквално поен за поен.
Дури и Вардар имаше водство од 18:14.
Но потоа со фантастична серија возвративме доволно за победа и за освојување на шампионската “, велат од Пелистер Волеј.

GOLD
To Top