Новости

Останати

Почина Коце Ефремов, еден од најголемите македонски борачи

На 62-годишна возраст во Кочани почина легендарниот македонски борач Коце Ефремов, македонскиот спорт остана без уште еден великан.

Синоќа (7 октомври) во Кочани ненадејно почина поранешниот голем борач, Коце Ефремов.
Борачот на БК Спартак од Кочани, беше член на југословенската репрезентација за која настапи на Олимписките игри во Москва во 1980 година каде го освои седмото место. Една година претходно го освои златниот медал на Медитеранските игри во Сплит во слободен стил до 48 килограми.
Во својата кариера Ефремов освоил бројни медали на разни натпреварувања.
GOLD
To Top