Новости

Останати

Почина велосипедист што падна на трка

Белгискиот велосипедист, 23 годишниот Михаел Гулаертс почина во болница после падот на саботната трка Париз -Робаикс. Тој доживеал застој на срцето, а лекарската служба му даваше вештачко дишење на патот пред со хеликоптер да го префрлат во болница.

Гулаертс падна на 110 километри од траката во должина од 257 километри, а лекарите го пронашле во несвест. Трката е продолжена, а победи Питер Саган, но набрзо сите станале свесни за целата ситуација. Трката Париз- Робаикс, позната под називот „Северен пекол“, една од најтешките во велосипедизмот. Се состои од 29 делови во камен, кои велосипедистите мора да го поминат во еден ден.

Со ова смрт на несреќниот Белгиец продолжен е црниот тренд во последниот период, кој започна со смртта на фудбалерот Давиде Астори, кој пред еден месец умре во сон, исто така од застој на срцето. После смртта на Астори, во нешто повеќе од еден месец починаа и фудбалерите Томас Родригез, Адриан Лилебек, Бруно Бобан и Самба Диоп, кој почина во саботата.

GOLD
SN Finansii
To Top