Новости

Останати

Почина легендарниот фински ски-скокач Мати Никенен

Легендарниот фински ски-скокач Мати Никенен почина на 55 години. Беше еден од најдобрите ски-скокачи на сите времиња. За време на својата кариера освои пет олимписки медали, од кои четири златни, како и девет награди на светските првенства.

Вкупно остварил 46 поединечни победи на светскиот куп, кој го освоил три пати. Првото олимписко злато го освои во Сараево во 1984, а четири години подоцна во Калгари стана двократен олимписки првак и ѝ помогна на Финска да триумфира во тимскиот настан.

По завршувањето на кариерата неговото име често можеше да се види во таблоидите поради проблематичниот приватен живот. Водеше борба со алкохолот, двапати беше и зад решетки, еднаш затоа што избодел свој пријател, вториот пат поради напад врз својата девојка.

Банкротираше, по што ги продаваше златните медали за да преживее. Имаше три деца од три брака. Причината за неговата смрт сè уште не е позната.

GOLD
To Top