Новости

Останати

Пулев донира половина од профитот од мечот против Ентони Џошуа

Бугарскиот боксер Кубрат Пулев најави дека ќе донира 50 проценти од профитот од мечот против Британецот Ентони Џошуа за борба против коронавирусот во соседна Бугарија. Тоа е околу 2,5 милиони долари.
Борбата за појасот во ИБФ, ВБА, ВБО и ИБО, кој е во сопственост на Џошуа, требаше да се одржи на 20-ти јуни на стадионот на Тотенхем но беше одложена поради пандемија на вирусот.

Од борбата Пулев очекува да заработи околу 5 милиони долари.

GOLD
To Top