Новости

Останати

Рено ќе го претстави новиот болид на 20 февруари

Рено ќе го презентира својот нов РС18 болид преку онлајн шоу на 20 февруари, истиот ден како Заубер.

Францускиот автомобилски гигант влегува во трета сезона како фабрички тим во Формула 1, откако го купија Лотус и инвестираа милиони во обид да се врата на врвот. Презентацијата доаѓа неделата пред да почне зимското тестирање во Барселона.

Во 2018 година, Рено ќе вози со Карлос Саинс јуниор и со Нико Хилкенберг во обид драстично да се поправи шестото место во пласманот на конструктори од 2017 година.

Тимот е засилен и со поранешниот технички делегат на ФИА, Марсин Будковски, кој во април ќе почне со работата во седиштето во Енстоун по критиките на ривалите дека Полјакот ги знае тајните на развојот на болидите на ривалите.

СН Брокер
To Top