Новости

Останати

Сезоната за Новак Ѓоковиќ е завршена: Џон Мекинро открил неверојатна вест

Џон Мекинро, легендарниот тенисер, изјавил дека верува во тоа декаНовак поради повредата на неговото рамо ја завршил оваа сезона.

Новак поради повредата на рамото мораше да го предаде натпреварот на Швајцарецот Ваавринки во третиот сет во осминафиналето на УС Опен.

Ѓоковиќ не можел да ги издржи болките и по натпреварот изјавил дека го очекуваат неколку недели пауза и дека се надева дека ќе може да игра во Токио.

Турнирот во Јапонија започнува на 30-ти септември, меѓутоа Мекинро верува дека Новак нема да може да биде дел од истиот.

„Мислам дека нема да го гледаме Новак Ѓоковиќ на терен до крај на сезоната“ – изјавил Мекинро за ESPN, а пренесуваат од “tennisworldusa“.

Ќе видиме колку навистина ќе трае паузата на Ѓоковиќ, но да се каже дека сезоната за него е готова, во овој момент речиси е нереално.

GOLD
To Top