Новости

Останати

Семејството на Шумахер: Шампионот е во одлични раце

Во пресрет на 50-от роденден на големиот Формула 1 шампион Михаел Шумахер, неговото потесно семејство реши да даде повеќе информации за неговата здравствена состојба. Тие ги поздравија неговите фанови и ги уверија дека Шуми е во добри раце.

Михаел Шумахер се пензионираше од активно возење во Формула 1 шампионатот уште во 2012 година, но се нема појавено во јавност уште од 29 декември 2013 година, кога доживеа страшна скијачка несреќа која го остави во кома во наредните шест месеци.

Германецот е згрижен во неговата куќа во Швајцарија, каде семејството инвестираше голема сума за да му ја обезбеди најдобрата нега на некогашниот Ф1 шампион, па дури и ја претвори куќата во импровизирана современа болница.

„Бидете сигурни дека тој се наоѓа во одлични раце, ја добива најдобрата нега и ние правиме сѐ што можеме за да му помогнеме. Мора да разберете дека Михаел сака да ја зачува неговата здравствена состојба во приватност, па затоа не можеме да ви ги дадеме сите информации одеднаш“, се вели во официјалната изјава на неговото семејство.

Тие исто така најавија дека во четврток, по повод неговиот роденден, ќе биде промовирана апликација која ќе им овозможи на неговите фанови да се потсетат и да уживаат во сите негови успеси.

 

GOLD
To Top