Новости

Останати

Серена Вилијамс, Кирјос и Фоњини казнети од Вимблдон

Тројца натпреварувачи на Вимблдон добија парични казни поради нивното непримерно однесување. Серена Вилијамс е казнета со 10 000 долари поради оштетувањето на еден од терените на „Ол Ингланд клубот“ за време на загревањето. Серена удрила со рекетот по тревата и ја оштетила подлогата.

Ник Кирјос е казнет со 8000 долари откако призна дека намерно се обидувал да го погоди Надал во нивната пресметка. Санкцијата е донесена поради непримерно однесување.

Казна има и за Фабио Фоњини поради спортски прекршок од дуелот од третото коло. Италијанецот ќе мора да плати 3000 долари а ќе остане запаметен по изјавата со која посака бомба да експлодира во Лондон.

dribling.mk

GOLD
To Top