Новости

Останати

Скијачкиот клуб Пелистер потпишан договор за соработка со СК Алвепур од Словенија

Претседателите на СК Пелистер и СК Алвепур, Наум Симјановски и Јанез Деклава потпишаа меморандум за соработка. Договорот се потпиша во Амбасадата на Словенија во Скопје, а присуствуваше и амбасадорот Милан Јазбец. СК Пелистер со овој договор добива партнер од Словенија кој ќе го поддржува на неколку полиња.

Ова е прв ваков вид на потпишан договор за соработка на еден македонски скијачки клуб, Пелистер, кој дал олимпијци, а со новото раководство се стреми да ги врати резултатите од минатото.

-Со Јанез Деклева бевме младински скијачки репрезентативци на Југославија, некогаш и цимери, а пред три години имавме случајна средба на Јахорина и таму падна првиот договор за соработка. Соработка ќе биде во насока на создавање на силен клуб преку едукација на тренери, соработка на организационен план, соработка при меѓусебни посети, се во еден правец, Пелистер да биде пример за скијањето во Македонија, и да биде лидер во секој поглед. Пелистер има соработка досега со СК Триглав, а и тие денес ќе бидат на потпишувањето во Скопје, а тоа значи дека не се откажуваме ни од старите пријатели, истакна Симјановски.

-Ќе има соработка како прво, на релација тренер-тренер, а потоа ќе следува другото, а за исполнување на се што е договорено ќе треба трпеливост од двете страни. Јас како искусен во овој спорт мислам дека ќе поминат 5 или 6-7 години за да ги видиме првите резултати, односно некој скијач од Пелистер да биде забележан на скијачките патеки. Пелистер го има скијачкиот центар, ја има инфтаструктурата, ги има своите простории, со еден збор има спортска сала во природа. Останува да повторам не чека силна работа, а оние родители кои ќе застанат зад своите деца треба да имаат многу трпение, рече Деклава.

Со меморандумот се предвидума како прво размена на искуства во тренажен процес, приклучување на деца кон тренажниот процес на Алпетур, а секако и присуство на натпревари во младите категории и комплетна помош при престојот во Словенија.

 

GOLD
To Top