Новости

Останати

Следниот викенд – Pelister Downhill Cup

Pelister Downhill Cup ќе биде одржан според правилата нa Union Cycliste Internationale UCI, и по правилата на Македонската Велосипедска Федерација, а во рамките на Балканскиот Downhill Cup и ќе биде бодуван за ранг листа на ВФМ Велосипедската Федерација на Македонија.

Во информацијата за трката стои дека сите натпреварувачи кои ќе учествуваат на тренинзите, квалификациите и финалната трка ги прифаќаат правилата и се обврзани истите да ги почитуваат, потоа дека организаторот не одговара за било какви правни последици во случај на незгода или надомест за оштетување на опремата на натпреварувачите, организаторот не одговара за дела направени од страна на натпреварувачите од врз трети лица, натпреварувачите под 18 години треба да да поднесат согласност / изјава од родител или старател.

При подигнување на стартниот пакет потребно е да се достави согласност / изјава со сите потребни информации (.PDF согласност). Натпреварувачите помлади од 18 години мораат да бидат придружувани од полнолетно лице (родител или член на клубот) кој ќе биде одговорен.

Регистрацијата за натпреварот може да се направи на следната емаил адреса:
extremebiketeambitola@gmail.com со поднесување на сите потребни информации за натпреварувачот. Групна регистрација може да се направи со поднесување на пријавата со сите потребни информации од секој натпреварувач во групата / клубот и приложување на купената карта како доказ за извршена уплата за пријавата да биде валидна.
– Регистрацијата за натпреварот може да се направи до 27.05.2019
– Цената за пријава на натпреварот изнесува 900 денари (15 евра) и се извршува на лице место.

Распоред
ПЕТОК 31.05.2019
10:00 – 13:00 Преглед на стазата без велосипеди
13:00 – 18:00 Неофицијален тренинг без обезбеден превоз, медицинска екипа, горска служба и судии.
САБОТА 01.06.2019
08:00 – 10:00 Пријавување и превземање на стартните броеви
10:00 – 16:00 Тренинг со обезбеден превоз, жичара, медицинска екипа и судии.
НЕДЕЛА 02.06.2019
09:00 – 11:00 Официјален тренинг со обезбеден превоз, жичара, медицинска екипа и судии.
12:00 – 14:00 Квалификации со обезбеден превоз, жичара, медицинска екипа и судии.
15:00 Финален спуст
Организаторот го задржува правото за измена на распоредот и времето со цел побрзо и поквалитетно одвивање на натпреварот.
2.5 Мерење на време
Мерењето на времето ќе се одвива хронометарки.
Резултатите ќе бидат видливи на целта на голем дисплеј со цел публиката и натпреварувачите да бидат навремено информирани.

Превоз
Организаторот ќе обезбеди соодветен број на возила за превоз на натпреварувачите и жичара.
Натпреварувачите се должни да се придржуваат на распоредот.

Категории

Men Elite / Men Junior / Men Masters / Men and Women Hobby

Награди
Медали и пехари ќе бидат доделени на сите категории за првите тројца пласирани натпреварувачи.
Организаторот во соработка со спонзорите и партнерите на трката обезбедува дополнителни награди за најдобрите три времиња од сите категории:
Наградата за првото најдобро време изнесува 400 евра
Наградата за второто најдобро време изнесува 200 евра
Наградата за третото најдобро време изнесува 100 евра

Технички спецификации на патеката
Должина: 2.100 метри
Висинска разлика: 425 метри
Број на судии на патеката: 2
Број на редари на патеката: 20

GOLD
To Top