Новости

Останати

Сојузот на спортови – Битола ќе врши избор на најдобрите спортисти и екипи за 2018 година

Сојузот на спортови – Битола, продолжувајќи ја традицијата воспоставена од пред неколку децении и оваа година ќе врши избор на најдобрите спортисти и екипи за 2018 година. Ќе се прогласат: 10 најдобри спортисти во сениорска конкуренција, 10 најдобри млади спортисти до 18 години, 3 најуспешни екипи во сениорска и 3 во младинска конкуренција, најуспешен спортист од ССРИ – Битола, двајца професори по физичко воспитување и други спортски работници согласно Статутот на сојузот.

Рангирањето ќе се врши согласно критериумите на Сојузот за прогласување на најдобрите спортисти, врз основа на предлози од членките на Сојузот.

Доколку членките на Сојузот имаат свој предлог за спортист на Битола за 2018 година потребно е истиот да го достават во писмена форма со потребните прилози (дипломи, билтени и др.) најдоцна до 13.02.2019 година во Општина Битола кај Ѓуро Илиќ. Во предлогот потребно е да наведете лице за контакт со негов телефонски број.

Прогласувањето ќе се изврши на 22 февруари во ресторан „Белведере“ во 19 часот.

GOLD
To Top