Новости

Останати

„Спартанците“ против Турција ја бараат првата победа на ЕП

Македонската одбојкарска репрезентација, денеска во „Стожице“ ќе истрча на мегдан со Турција во второто коло од групата Ц на Европското првенство во Словенија.

Избраниците на Матијашевиќ, вчера беа поразени од Финска со 3:1 но играта која ја прикажаа ни дава за право да се надеваме дека реални се шансите за победа против селекцијата која во воведната рунда загуби од фаворитот Русија со 3:1.

„Не треба да се разочаруваме, покажавме добра игра. По мечов ќе направиме анализа, да видиме каде најмногу грешевме, да се поправиме во наредниот меч. Игравме многу добро, но на крајот изгубивме. Се надевам дека на наредниот меч, ќе дојдеме до првата победа, па дури и полошо за око да одиграме“ – истакна Љафтов, репрезентативецот на Македонија кој го постигна првиот историски поен на деби настапот на ЕП.

Селекторот Никола Матијашевиќ смета дека сега е најважно да не се дозволи пад на самодовербата и силно да се влезе во пресметката со Турција.

dribling.mk

GOLD
To Top