Новости

Останати

Спортските обложувалници Евротип – генерален спонзор на „Пелистер Волеј“

Спортските обложувалници Евротип станаа генерален спонзор на Одбојкарскиот клуб „Пелистер Волеј“. Покрај Евротип, овој клуб кој бележи големи спортски успеси, склучи договор за соработка со уште три брендови: GOLD SLOT CLUB, СН Осигурителен Брокер АД Битола како и СН Финансиско друштво.

Со овие нови партнерства „Пелистер Волеј“ ја зацврстува својата позиција на спортската сцена, а ќе бидат мотив да се продолжи успешната приказна на овој клуб кој тоа го покажа преку нивните резултати и начинот на кој се развиваше.

„За почеток, нашиот клуб ќе биди опремен со квалитетна спортска опрема која ќе биди брендирана, а централниот дел на новите дресови за пролетниот дел секако, ќе биде обезбеден за ЕВРОТИП – спортски обложувалници. Исто така на адреса на клубот ќе пристигне и се она што е неопходно за нормална работа и функционирање (топки, мрежи, антени, бројни реквизити за работа и.т.н.), а наскоро, заедно со нашите партнери ќе имаме и промоција на новата опрема која ќе пристигне пред почетокот на пролетниот дел“, истакнаа од клубот „Пелистер Волеј“.

GOLD
To Top