Новости

Останати

Српската тенисерка Олга Даниловиќ го освои турнирот во Москва

Младата српска тенисерка, Олга Даниловиќ влезе во светската тениска историја како првата што на турнир дошла  како „лаки лузер“ и триумфирала, а таа е и прва родена во новиот милениум што освоила ВТА трофеј.

Во тинејџерското финале, на турнирот во Москва, по двоиполчасовен маратон, Даниловиќ ја совлада домашната тенисерка Анастасија Потапова со 2-1 во сетови. Србинката беше елиминирана во квалификациите за овој турнир, но благодарение на откажувањата на неколку тенисерки, доби место во главниот ждреб и потоа почна нејзиниот спектакуларен настап.

Благодарение на овој успех, Даниловиќ в понеделник ќе има огромен скок на ВТА листата. Ќе се пробие на 112. позиција, а турнирот во Москва го почна од 169. место.

Олга Даниловиќ има 17 години, освојувачка е  на титулите во двојки на јуниорските изданија на Ролан Гарос, УС Опен и на Вимблдон.

Олга е ќерка на славниот српски кошаркар Предраг Даниловиќ и на познатата спортска новинарка Светлана Даниловиќ.

GOLD
SN Finansii
To Top