Новости

Останати

Ставре Јада го освои 99. место на 15 километри во Пјонгчанг

Во конкуренција на 119 нордијци, македонскиот олимпиец Ставре Јада денеска го освои 99. место на трката во крос-кантри. Патеката од 15 километри, Јада ја мина со време од 42:14.2 минути.

Златниот медал го освои Швајцарецот Дарио Колоња со време од 33:43.9 минути. Второто место му припадна на Симен Кругер од Норвешка, кој заостана 18,3 секунди, додека бронзата ја освои Русинот Денис Спицов.

GOLD
To Top