Новости

Останати

Стоилковска на чекор од главниот турнир во Секешфехервар

Втората најдобро рангирана македонската тенисерка, Магдалена Стоилковска се наоѓа на чекор од влез во главниот турнит на фјучрсот во унгарскиот град Секешфехервар.

Стоилковска вчера ја победи Никол Гадине од Швајцарија со 2-0 во сетови (6-4 и 6-3) и потребна и е победа над Барбора Палцатова од Словачка за пласман во првото коло од главниот костур.

Стоилковска е на 1.191 место на ВТA листата и се надева дека со добар настап во Унгарија може да направи скок при едно од наредните бодувања.

GOLD
To Top