Новости

Останати

Тенисерка на забар дознала дека боледува од рак

Американската тенисерка Никол Гибс се повлече од настапот на годинешниот „Роланд гарос“, откако на најобичен забарски преглед ја дознала шокантната дијагноза  – рак.

– За жал се повлекувам од остатокот на земјаната сезона и нема да се натпреварувам на годинешниот „Роланд Гарос“. За среќа, прогнозите се одлични кај ваквиот облик на рак и мојот хирург е уверен дека самата операција ќе биде доволен третман, изјави 26 годишната американска тенисерка.

После прегледот на горната усна на Гибс била забележана бенка, за која биопсијата открила дека станува збор за рак на плунковните жлезда, а хируршката интервенција е закажана во петок.

Американката Гибс се наоѓа на 117. место на ВТА ранг листата.

МИА

 

GOLD
To Top