Новости

Останати

Томислав Јотовски во полуфиналето на фјучрсот во Скопје

Во дуелот на македонските тенисери Јотовски со 2-1 во сетови го победи Грабул,

Првиот сет го доби Грабул со 6-3 во гемови, со посигурна игра. Во вториот сет резултатски беше неизвесно, а решавачкиот брејк Јотовски го направи во 12.гем добивајќи го сетот со 7-5. Во тие моменти Јотовски, кој е седми носител на турнирот ги надмина и здравствените проблеми кои ги имаше во текот на првиот сет.

Во решавачкиот сет по водството на Грабул од 2-1 во гемови, Јотовски имаше серија од четири освоени гема што се покажа како решавачко и сетот го доби со 6:3. Мечот траше 2 часа и 38 минути.

 

GOLD
To Top