Новости

Останати

Трифуновски тренер на пионерската одбојкарска репрезентација за претстојното Балканско првенство

Пелистер Волеј и Битола имаат уште еден човек во репрезентацијата на Македонија.

Се работи за тренерот Владимир Трифуновски кој заедно со селекторот Емилија Јаничич која доаѓа од редовите на Вардар од Скопје ќе ја предводат пионерската репрезентација на Македонија на престојното Балканско Првенство во Србија, Врњачка Бања од 02-06.07.2019

Координатор на млади репрезентации и оваа година е Емилија Терзиевска, првиот човек на Форца Ема од Скопје.

Она што е значајно за Битола е тоа што втора година по ред една одбојкарска репрезентација ќе ги одработи завршните припреми (26-30 Јуни), петти по ред оваа сезона, токму тука во Битола, а првиот тренинг е закажан на 26.06.2019.

На поширокиот список се најдоа 21 одбојкарка од кои дури три од редовите на шампионот Пелистер Волеј, примачите:
– Ева Трпеновска
– Андреа Стојановска
како и средниот блокер:
– Стефани Најдановска.

Да се надеваме дека ќе го поминат последниот филтер, а на стручниот штаб им посакуваме успешна работа, убав престој во нашиот град Битола како и успех на шампионатот.

Ова е втора година по ред од редовите на Пелистер Волеј да имаме тренер во една репрезентација, откако минатата година тренерот Роберт Митковски беше тренер на младинската репрезентација на Македонија.

GOLD
To Top