Новости

Останати

Три години од страотниот пад на формула 1 легендата Михаел Шумахер

Пред точно три години, Михаел Шумахер, доживеа тешка несреќа во францускиот зимски центар Мерибел. Од тој момент па се до денес светската јавност добива малку информации за здравствената состојба на легендраниот формула 1 возач.

Семејството љубоморно ја чува приватноста, а она што смета дека трабда го сподели со јавноста го објавуа портпаролката на семејството Забине Кен, која редовно порачува дека има разбирање за јавноста која бара информации, но во исто време бара да се почитува приватноста на семејството.

 

Тој е седумкратен светски шампион, единствен со таков резултата, а сопственик е на уште неколку индивидуални рекорди (најмногу победи, најмногу извозенио најбрзи кругови, најмногу пол позиции).

Во текот на кариерата возеше за Џордан, Бенетон, Ферари и Мерцедес, а најголемите успеси ги постигна како возач на Скудерија Ферари.

 

GOLD
To Top