Новости

Останати

УС Опен: Големо изненадување „бејби Федерер“ го елиминира Роџер Федерер

Роџер Федерер загуби од Бугаринот Грегор Димитрив со 3-2 на УС Опен. За Димитров ова беше прва победа над Федерер во осмата пресметка.

Швајцарецот имаше водство од 2-1 по сетови но „бејби Федерер“ како што го нарекуваат Димитров, успеа да направи пресврт и да победи, резултатот по сетови 3:6, 6:4, 3:6, 6:4 и 6:2, мечот траеше 190 минути.

Ова е големо изненадување на УС Опен, по Ѓоковиќ сега и Федерер ги заврши настапите на последниот од четирите големи турнири во годината.

Противник на Димитров во полуфиналето ќе биде Данил Медведев.

Извор: dribling.mk

GOLD
To Top