Новости

Останати

Утре почнува новогодишната турнеја „Четири скокалници“

Со денешните попладневни квалификации во Оберздорф, стартува традиционалната новогодишна турнеја „4 скокалници“. Првите официјални квалификации во Оберздорф почнуваат по 16:45, а утре во истиот термин се и првите натпревари.

Годинешната новогодишна турнеја продолжува на 1 јануари в недела со натпреварите во Гармиш-Партенкирхен, па потоа и со последните две скокалници на 4 јануари во Инсбрук и на 6 јануари во Бишофсхофен.

Титулата од минатата година ја брани Словенецот Петер Превц, кому оваа сезона голема конкуренција ќе му биде Германецот Фројнд и неговиот помлад брат Домен.

GOLD
To Top