Новости

Останати

Федерер продолжува да дели лекции во Мајами

Трикратниот шампион, Роџер Федерер си обезбеди место во полуфиналето на турнирот од сериите „Мастерс“ во Мајами по лесна победа со 6:0, 6:4 над Кевин Андерсон.

Шестиот носител беше целосно беспомошен против Швајцарецот, кој покажа одличен тенис и веќе има биланс од 6 успеси и само 1 пораз во нивните директни дуели.

Федерер ќе игра по 7-ми пат во полуфиналето во Мајами. Тој стигнувал до оваа фаза во „Мастерс“ турнирите вкупно 65 пати и има 27 титули. Во меч за место во финалето 37-годишниот маестро ќе се соочи со канадскиот талент Денис Шповалов.

– Секогаш уживам да играм против младите момчиња на турнејата. Со Шаповалов само сум тренирал. Се сеќавам дека ме импресионира како сервира и колку силно ја удира топката, изјави Федерер.

Во другото полуфинале ќе играат Џон Иснер и 18-годишниот квалификант Феликс-Оже Алиасим.

GOLD
To Top