Новости

Останати

(Фото) Ова е доказ дека Ѓоковиќ е решен триумфално да му се врати на тенисот

Новак Ѓоковиќ е вистински решен да се врати на вистинската триумфална патека во тенисот, а кон тоа во прилог оди и еден фото-доказ.

Имено, после тренингот во шпанска Марбеља, Ѓоковиќ на Твитер покажа фотографија од својот скршен рекет.

Наместо класичните коментари, напиша: „Тешка работа денес“, со хаштагови „Кога оди тешко“, „Тренирај силно“, „Мотивација во понеделник“ и „Се случува“, и сето тоа со смајли што се смее.

Ноле моментално работи со поранешниот тренер Марјан Вајда и се подготвува за турнирот во Монте Карло.

GOLD
SN Finansii
To Top