Новости

Останати

Франција и Белгија ќе играат за Дејвис Куп титулата во ноември

Белгија и Франција ќе спорат за титулата на Дејвис купот во ноември.

Давид Гофен и Стив Дарсис ги освоија своите мечеви во сингл, па Белгија во полуфиналето ја победи Австралија со 3-2.

Белгија се врати откако губеше со 1:2. Гофен прво го победи Ник Кириос 6-7 (4), 6-4, 6-4, 6-4. Дарсис пак ја освои решавачката битка против Џордан Томсон 6-4, 7-5, 6-2.

Жо-Вилфред Цонга ја испрати Франција во 18-тото финале, победувајќи го Душан Лајовиќ со 2-6, 6-2, 7-6 (5), 6-2 во Лил. Со овој успех, Французитеостварија вкупна победа од 3:1

Франција ќе биде домаќин на финалето од 24-26 ноември.

GOLD
To Top