Новости

Останати

Хамилтон е победник на легендарната патека Спа во Белгија

Возачот на Мерцедес во Формула 1, Луис Хамилтон, е победник на трката за ГН на Белгија која се возеше на патеката „Спа“.

Себастијан Фетел од Ферари заврши како втор додека третото место му припадна на Даниел Рикардо од Ред Бул. Поени освоија и : Кими Раиконен, Валтери Ботас, Нико Хулкенберг, Роман Грожан, Фелипе Маса, Естебан Окон и Карлос Сајнц.

Фетел со 220 бода е лидер кај возачите пред Хамилтон кој заостанува за седум поени. Третото место му припаѓа на Валтери Ботас. На 3 септември на патеката „Монца“ ќе биде возена трката за Големата награда на Италија.

Евротип
SNBROKER
To Top