Новости

Останати

Хиршер најбрз на велеслаломот во Аделбоден

Марсел Хиршер уште еднаш потврди дека е во одлична форма пред Земските олимписки игри во Пјеонгчанг кои започнуваат за нешто повеќе од еден месец.

По триумфот во Загреб во слаломската трка пред три дена, Австриецот, дџенеска беше најдобар и на велеслаломската трка која се одржа во швајцарскиот ски-центар Аделбоден.

Хиршер по двете возења оствари вкупно време од 2.28:63 минути, што беше за 17.стотинки побрзо од големиот ривал Хенрик Кристоферсон од Норвешка. На третото место заврши Французинот, Алекс Пантуро кој имаше 21.стотинка послабо време од победникот.

GOLD
To Top