Новости

Останати

Шифрин вторпат златна во Пјонгчанг

Скијачката, Михаела Шифрин од САД, беше најбрза во денешниот велеслалом реализиран на олимписката патека во Пјонгчанг.

Таа до вториот златен олимписки медал стигна со резултат од 2:20.02 минути откако во второто возење надополни заостанување од 20 стотинки. Второто место а со тоа и среберен медал освои Норвежанката, Рагнилд Мовинкел додека бронзениот медал заврши на градите на Италијанката, Федерика Брињоне.

Шифрин која на Олимписките игри во Сочи во 2014 година победи во трката во слалом, ќе има шанса да ја одбрани титулата в петок доколку дозволат временските услови во Пјогчанг.

GOLD
To Top