Новости

Останати

Битолчанка на пиедесталот на 5К трката на ТРЧАЈ БЕ

Јана Стефановска од АК Олимп од Битола, второпласирана на “5К“ трката на ТРЧАЈ БЕ, која се одржа вчера, на која настапија 1.500 учесници од 17 држави, со резултат 20:59 минути.

“Пласманот и медалот е освоен на домашен терен, каде што очекувањата се големи, но се има и трема пред домашната публика. Многу сум среќна што токму на ТРЧАЈ БЕ имаме пиедестал. И јас и екипно како АК ”Олимп”. Прекрасно е чувството да се трча дома, со врвни атлетичари, кои ги красат феноменални резултати. Плус, Битола е преубава за трчање” – ни изјави Јана.

Јана работи интензивно со тренерот Демир Даутовски. И оваа сезона има одлични резултати. Прво место на 5К на “Охрид Трчат” и солидни пласмани на сезонските натпревари.

На вчерашната трка ТРЧАЈ БЕ, од АК Олимп од Битола, учество зедоа и Изабела Насковска која трчаше на 21К, а Стефанија Лазарева, Леа Ѓорѓиевска, Антониа Крстевска, Христина Илиевска, Христијан Шаклевски, Стефан Туловиќ, Дони Петличковски, Мартин Митрески и Бојан Ѓеровски, кои работат и до тренерот Даутовски, а неодамна засилени и со Вера Вељановска имаа одличен екипен пласман на 5К.

Така, нашиот битолски атлетски тим, екипно се закити со уште две признанија:
Женски 3 место екипно 01:40:50
Машки 2 место екипно 01:20:53

Браво за атлетска Битола!

Евротип
SNBROKER
To Top