Новости

Останати

Болт позитивен на коронавирус по приватна забава

Јусеин Болт, се инфицирал со ковид-19 на приватна забава. Поранешната атлетска супер ѕвезда е позитивен на коронавирусот и тоа е потврдено од сите релевантни медиуми од Јамајка. Тој засега не покажувал симптоми, а со оглед дека е позитивен, ќе биде најмалку две недели во изолација, по која што ќе му следуваат серија на тестови за да се потврди дека ја надминал болеста. Болт пред неколку дена во родната Јамајка го прослави својот 34 роденден со спектакуларна забава која беше организирана од неговата долгогодишна партнерка Каси Бенет, па се верува дека токму таа забава била еден мини кластер, од кој сега излегуваат мноштво на инфицирани од ковид 19.

GOLD
To Top