Новости

Останати

Британката Јохана Конта го освои Мастерсот во Мајами

Британската тенисерка Џоана Конта го оствари најголемиот успех во кариерата, откако успеа да ја освои титулата на Мастерсот во Мајами.

Џоана Конта во финалето на Мастерсот во Мајами ја победи Каролина Вознијацки со 6:4, 6:3. Финалето траеше 96 минути.

25-годишната Британка ја освои третата титула во кариерата. Интересно сите титули Конта ги освои во последната година, најпрвин победи во Стенфорд, потоа во Сиднеј, а во Мајами ја освои највредната титула.

Благодарени на победата во Мајами, Конта од понеделник ќе биде четврта на ВТА листата, што е нејзин најдобар ранкинг во кариерата. На ВТА листата ќе напредува и Вознијацки, таа ќе се врати во Топ 10 и ќе биде деветта во светот.

Евротип
SNBROKER
To Top