Новости

Останати

Валентино Роси потпиша за Petronas Yamaha

Љубителите на мотоциклизмот и фановите на „Докторот“ викендов ја дочекаа и официјалната потврда – Валентино Роси останува во кралската класа уште една година, но од Monster Energy Yamaha се сели во Petronas Yamaha.

Ова е првпат „Докторот“ да се приклучи на сателитски тим, иако му е ветена фабричка поддршка.

„Многу сум среќен што ќе продолжам да возам и тоа со тимот на Petronas Yamaha. Размислував многу пред да ја донесам оваа одлука, бидејќи предизвикот e се поголем. За да бидете во врвот на MotoGP, мора да работите напорно, да тренирате и да водите спортски живот секој ден. Без оглед на се, мене тоа ми се допаѓа и сè уште сакам да возам. Во првата половина од годината разговарав со Yamaha и добив потврда дека, дури и ако нема место за мене во тимот, фабрички мотор и поддршката се загарантирани“, изјави Роси по објавувањето на одлуката.

Трансферот следи откако уште во јануари тимот на трофејниот Италијанец потврди дека на негово место доаѓа Фабио Квартараро додека Маверик Вињалес останува, по што беше јасно дека за него нема место во оваа екипа следната сезона.

Во име на Petronas Yamaha и нејзините партнери, голема ми е чест што можам да посакам добродојде на Валентино Роси во нашиот тим” изјави Разлан Разали, шеф на Petronas Yamaha.

Ова значи дека идната сезона тимот на Petronas Yamaha ќе го сочинуваат Франко Морбидели и Валентино Роси.

GOLD
To Top