Новости

Останати

(Видео) Вучиќ го пречека Ѓоковиќ, српскиот тенисер рече: „Во следните 7 до 10 дена ќе зборувам што се случуваше во Австралија“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска во зградата на „Генералниот секретаријат на претседателот на Републиката“ беше домаќин на Новак Ѓоковиќ.

„Ги примив многу пати сите големи државници, Путин, но вакво нешто одамна не сум видел. Дојде некој многу поголем од нас и сакам да ви кажам многу благодарам што сте овде денес. Вие ја претставувате нашата земја на најголемата сцена и благодарам за големата борба во Австралија“, му рече Вучиќ на Ѓоковиќ и продолжи:

„Јас и Новак зборувавме веднаш првото утро и му реков: „Врати се, што ќе правиш таму, дојди во Србија.“ Но тој покажа колку сака да се покаже во спортот. Кога Медведев рече дека го убиле момчето во него, некои се обидоа да ги убијат срцата на момчињата и девојчињата во оваа земја. Сите се надеваме дека ќе ги престигнете Надал и Федерер“.

 

Потоа збор зеде Ѓоковиќ.

„Ви благодарам за Вашетодобредојде. Сакав да ве видам како граѓанин на Србија, да ви се заблагодарам за поддршката, како и на сите институции за време на немилите настани во Австралија. Иако бев сам во притвор, не се чувствував осамено. Имав поддршка од семејството, пријателите и целиот српски народ. Многу добронамерни луѓе од целиот свет се обидоа да ми го олеснат престојот во Австралија. Вие немавте обврска да ме поддржувате, но сакам да знаете дека јас чувствувам голема благодарност за поддршката. Долго ќе го паметам тоа“, изјави српскиот тенисер, а на крајот кажа нешто значајно:

„Ве молам бидете трпеливи, во следните седум до 10 дена ќе зборувам подетално за се што се случи во Австралија.

Евротип
SNBROKER
To Top