Новости

Останати

Дејан Георгиевски денеска пристигнува во Македонија

Дејан Георгиевски, освојувачот на сребрениот медал на Олимписките игри во Токио, денеска пристигнува во Скопје. Освојувачот на сребрениот медал на Олимписките игри во Токио, Дејан Георгиевски денеска престигнува во Скопје.

Репрезентативецот во таеквондо кој го постигна најголемиот успех во историјата на македонскиот спорт надминувајќи го резултатот на Могамед Ибрагимов, кој пред 21 година во Сиднеј се закити со бронзата на скопскиот аеродром пристигнува во 14 часот и 15 минути.

Свечениот пречек на Георгиевски ќе се одржи во вечерните часови во 19 и 30 на градскиот плоштад кога сите љубители на спортот во земјава ќе може да го поздрават нашиот најуспешен спортист на Олимписките игри.

СН Брокер
To Top