„ЗАНШИН “-Битола продолжува да нижи успеси

Центарот за боречки вештини „ЗАНШИН “-БИТОЛА постигна завидливи резултати во карате и кик бокс. Саботата на 08.04.2017 год на интернационалниот куп “GAZIBABA OPEN” кој е еден од најпосетените купови на балканот Карате Клуб „ЗАНШИН-ДО“ –БИТОЛА настапи со 17 борци и освои 10 медала и тоа 3 злата, 4 сребра и 3 бронзи. Со злато се закитија Пламен Пенчев во дисциплината макивара 6 години , Јончевска Елене во дисциплина макивара 7 година и Костојчиновска Ана во дисциплината макивада 9 години. Со сребрен медал се закитија Михајловска Мартина во дисципина Макивара 7 години, Цветковска Анастасија во дисциплина макивара 9 години и Горевска Симона која се закити со две сребра и тоа во јуниорска категорија во дисциплините кумите -53кг. и ката поединечно. Со бронзен медал се закитија Пламен Пенчев во дисциплина ката до 6 години, Стефанија Петковска, Андреа Цветковска и Ана Димовска Чонтева во дисциплина ката тим 12-13 години. и Евгенија Наумовска, Анастасија Цветковска и Ана Димовска Чонтева во дисциплина ката тим до 9 години.
Во неделата на 09.04.2017 год во 5 хала на Саем во Скопје се одржа Сениорско –јуниорско државно првенство во Кик Бокс на кое Кик Бокс Клуб„ЗАНШИН“-БИТОЛА , настапи со тројца борци и освои 4 медали. Во дисциплината кик лајт -65 кг. во сениорска кункуренција Сандра Митева се закити со сребрен медал додека во дисциплината лајт контакт +70 кг. се закити со златен медал. Никола Бакалов во сениорска конкуренција +91 кг. во дисциплината К1 се закити со златен медал и Денис Муаремовски во дисципината К1 во сениорска конкуренција -63,5 кг. се закити со сребрен медал.
Горда сум како тренер , ова е голем успех за сите Битолчани. Нареден натпревар кој следи во карате е на 14 мај „ Солидарност“- Скопје а за Кик бокс во јуни кога ке има сениорско,јуниорско и кадетско државно првенство. Во периодот кој следи очекувам уште подобри пласмани.
2016 год се одржа Балканскиот турнир „ФУНАКОШИ ГИЧИН“ во спортска сала во Оу. „Круме Кепески “ во Скопје на кој учествуваа 401 натпреварувачи од 32 клубови од Македонија, Србија, Бугарија, Црна Гора, Албанија , Босна и Херцеговина и Хрвацка . Карате Клуб „ЗАНШИН-ДО“- Битола настапи со 19 натпреварувачи и се закити со 2 златни , 9 сребрени и 5 бронзени медала. Во дисциплината ката поединечно Маја Симоновска 2005год и Стефанија Петковска 2003год се закитија со златен медал, Диневски Михаил 2010 год, Јончевска Елена 2009 год, Усеини Лејла 2007 год, Емануела Митревска 2004 год. Андреа Цветковска 2003 год и Ѓоревска Симона 1999 год. во дисциплината ката поединечно се закитија со сребрен медал , во дисциплината ката тим 2008 год. со сребрен медал се закитија Наумовки Мартин, Наумовска Евгенија и Цветковска Анастасија , во дисциплината ката тим 2005 год со сребро се закитија Марија Марковска, Маја Симоновска и Ана Димовска Чонтева, во дисциплината ката тим 2003 год. со сребрен медал се закитија и Стефанија Петковска, Андреа Цветковска и Марија Марковска . Во дисциплината ката поединечно со бронзен медал се закитија Ана Димовска Чонтева 2009 год. Марковска Марија 2005 год. и Стефан Димовски Чонтев 2004 год. додека во категоријата ката тим 2007 год. со бронзен медал се закитија Костојчиновска Ана, Стефановски Михаил и Груевски Лука и во категоријата ката тим 2008 год со бронза се закитија Усеини Љеља, Усеини Албена и Евгенија Митревски.
Горда сум како тренер и во иднина очекувам уште поголеми успеси на меѓународно поле, вели Стевка Јанковска Петковска, тренер на Карате Клуб „ЗАНШИН-ДО“-Битола.
