Новости

Останати

Извонреден успех – Нашиот Кристиан Стојани победи на Kiel Lauf 2022, улична трка организирана во градот Kiel

Фантастични вести ни доаѓаат од Германија!

Нашиот Кристиан Стојани, првиот член од возобновувањето на АК ОЛИМП, денес победи на Kiel Lauf 2022, улична трка организирана во градот Kiel со три трки 5К, 10К и 21К.

Кристијан, кој во моментот живее во Германија, но сѐ уште е наш член, носејќи го дресот на својот драг клуб, денес победи на 5К трката со резултат 17:35.

,,Трката беше тактичка, заради угорниците кои ги имаше до 3-тиот километар, потоа гужвата се разби и борбата за позиција беше непредвидлива со самиот финиш на трката. Задоволен сум од резултатот, а и целиот настан беше одлично организирам. Ве следев на социјалните медиуми како одеше ТРЧАЈ БЕ годинава и можам само едно да кажам дека нашата битолска трка е одлично организиран спортски настан кој комотно може да се спореди со вакви градски трки организирани во услови на една Германија.” – напиша Кристиан Стојани соопштувајќи ни ја оваа одлична вест.

Евротип
SNBROKER
To Top