Историски успех: Ивановски во четвртфинале на Вимблдон

Македонскиот тенисер Калин Ивановски постигна историски успех и се пласираше во четвртфинале на Вимблдон во јуниорска конкуренција.
Талентираниот Ивановски во осминафиналето во три сета со 6:4,5:7,6:0 го победи осмиот носител Едас Бутвилас.
Калин по одлично одиграниот прв сет во вториот по водството од 4-2 во гемови ја загуби концентрацијата и му дозволи на противникот да го добие сетото и да израмни на 1-1.
