Новости

Останати

Килиманџаро доби брз интернет, планинарите ќе можат веднаш да се пофалат со својот подвиг

Со оглед на интернетот кој добро знаеме дека е најдобриот медиум, фотографиите се шират брзо, па овозможуваат брзо да се пофалите за достигнатите врвови. Овој пат станува збор за врвот на планината Килиманџаро, а оваа информација ќе ги заинтригира и ќе ги израдува токму планинарите, алпинистите кои веднаш сакаат да се пофалат за постиггнатиот успех и подвигот.

Државната телекомуникациска корпорација на Танзанија инсталираше широкопојасна мрежа на надморска височина од 3.720 метри, а министерот за информации Напе Науи го означи настанот како историски.
Тој вети дека врвот на планината долга 5.895 метри ќе има интернет конекција до крајот на годинава.

Минатата година, владата на Танзанија ги објави плановите за изградба на жичарница на јужната страна на Килиманџаро, предизвикувајќи соработка меѓу планинарите, организаторите на експедициите и еколозите.

Планината Килиманџаро е важен извор на приход од туризмот за Танзанија и соседна Кенија, со околу 35.000 луѓе кои се обидуваат да стигнат до врвот секоја година.

Овековечена во расказот на Ернест Хемингвеј „Снеговите на Килиманџаро“, планината е дел од национален парк и исто така е дел од светското наследство на УНЕСКО.

Технологијата се повеќе се инфилтрира во светот на планинарењето, при што алпинистите на Монт Еверест уживаат во лесен пристап до безжичен интернет. Благодарение на генераторите за струја, планинарите можат да споделуваат фотографии од нивното пешачење, како и можноста да испратат повик за помош во случај на несреќа.

Евротип
SNBROKER
To Top