Новости

Останати

Кочоски во одлична форма патува во Србија, во „Навак“ ќе атакува на нов пиедестал!

Викендов, продолжуваат возбудувањата од ВМУ Европскиот шампионат, а со тоа и нова шанса за пиедестал на битолскиот мотоциклист Синиша Кочоски. На програмата е деветтата и десеттата рунда од регионалното натпреварување, а мотоциклистите своите квалитети ќе ги одмерат на националната патека „Навак“ во Суботиште, Србија.

Кочоски во Србија патува полн со оптимизам, позитивни вибрации и во одлична форма. Така беше и на претходниот натпреварувачки викенд, кога на патеката во Плевен заврши на втората позиција во категоријата Ф1.000. До крајот на шампионатот преостануваат уште четири трки. Покрај во Суботиште, ќе се вози уште и на патеката во Серес, Грција.

Првата трка во Србија е закажана за в сабота, кога ќе се одржат и официјалните квалификации. Битолчанецот вториот настап на патеката „Навак“ ќе го има в недела.

Во досегашниот дел од сезоната, Кочоски двапати се искачи највисоко на пиедесталот, пет пати го освои второто место и еднаш заврши како четврти.

Евротип
SNBROKER
To Top