Новости

Останати

Македонските одбојкари се пласираа на Европско првенство!

Македонските одбојкари повторно ќе играат на европско првенство. Ја совладаа Турција со 3:1 (25:19, 21:25, 25:23, 25:18) и уште отсега обезбедија влез во континенталното елитно друштво. Никола Ѓорѓиев и Алелксандар Љафтов одиграа маестрално, но имаа одлична поддршка од сите репрезентативци, коишто примаа многу подобро од претходните натпревари на скопскиот квалификациски турнир, се бореа в поле, извлекуваа тешки топки, поставуваа пасивни блокови и освојуваа директни поени од нив, така што фаворитот на хартија немаше шанса да го запре триумфалниот поход на македонскиот национален тим.

Капитенот Ѓорѓиев торпедираше со 24, Љафтов со 23 поени, Милев заврши со 5, Андонов и Николов со по 4, а техничарот Ѓорѓи Ѓорѓиев освои два поена. Македонската репрезентација одлично се бранеше од турскиот коректор Лагумџија и го задржа на 14 поени, а најефикасен беше примачот Субаши со 17. Тоа не беше доволно ривалот да го запре нашиот тим, но и тој се радуваа затоа што го освои првото место во групата “Це’ и ќе игра на еврошампионатот во Полска, во Чешка, во Естонија и во Финска.

Со три победи и со девет бода на турнирот во арената „Борист Трајковски“, македонските одбојкари имаа ист ефект како и Турците, кои се првопласирани поради подобар сет-количник. Ние сме најдобри второпласирани од три завршен групи досега, така што не постои теорија која би попречила да играме на Европското првенство 2021 планирано во терминот од 15-ти август до 30-ти септември.

Вторпат по ред, македонската одбојка слави пласман на континентален самит. Со јубилејната 70-та победа во официјалните 152 натпревара, ние сме во престижното друштво. Повторно голема радост за македонската нација. Македонија на Европско!

GOLD
To Top