Новости

Останати

Надал донесе одлука за настапот на УС Опен

Еден од четирите најважни турнири на светот, годинава ќе помине без настапите на Роџер Федерер и Рафаел Надал. Шпанскиот тенисер и во моментот светски рекет број 2, го објави она што и се очекуваше, дека ќе го пропушти овој гренд слем како би се подготвил за сезоната на земјена подлога. „По многу размислување одлучив да не настапам на УС Опен. Здравствената ситуација во целиот свет е комплицирана поради коронавирусот и во моментот ништо не е под контрола. Тенис не се игра веќе четири месеци и тоа не е добро. Видовме веќе дека нема да се игра ниту турнирот во Мадрид. Ова е одлука која не ја донесов лесно, но го послушав срцето и одлучив во овој момент да не патувам.“ – напиша Рафа. Ова ќе биде прв гренд слем без Федерер и Надал уште од 1999 година.

GOLD
To Top