Новости

Останати

Надал има нереални бројки на Ролан Гарос

Ролан Гарос влезе во самата завшрница, а синоќа Рафаел Надал стигна до полуфиналето, откако беше подобар од Јаник Синер со 7-6, 6-4 и 6-1, а во следниот дуел ќе се соочи против Диего Шварцман.

Надал избори 13. полуфинале на Ролан Гарос, а во претходните 12 случаи кога играше таму секогаш освојуваше титула.

Вчерашната победа на Надал е вкупно 98. на Ролан Гарос со само два изгубени меча, а иако го загуби последниот меѓусебен натпревар против Шварцман, сепак води со 9-1 во меѓусебни пресметки.

На крајот треба да се спомене дека Надал го избори 34. гренслем-полуфинале во кариерата и од него подобри се само Новак Ѓоковиќ со 37 полуфиналиња и Роџер Федерер со 46.

GOLD
To Top