Новости

Останати

Остварени одлични резултати на АК ОЛИМП на митингот ,,Светски ден на атлетиката”

АК ОЛИМП како и многу други клубови, немаат идеални услови за тренинзи, но имаат врвен тренер Демир Даутовски и огромна лична волја за успеси.

На Митингот ,,Светски ден на атлетиката”, кој се одржа на 14 Мај на Градскиот стадион во Скопје, нашиот клуб се претстави со шест натпреварувачи и оствари одлични резултати.

– Христијан Котевски освои второ место во сениорска конкуренција, во дисциплината 100 метри мажи, со резултат 11.75
Котевски, меѓу другото освои и трето место во сениорска конкуренција, во дисциплината 200 метри – мажи, со резултат 23.82

– Стефан Туловиќ освои петто место во сениорска конкуренција, Во дисциплината 100 метри мажи, со резултат 12.16

– Наталија Чона освои трето место во сениорска конкуренција, во дисциплината 200 метри жени, со резултат 28.03
Таа освои и четврто место во сениорска конкуренција, во дисциплината 100 метри жени, со резултат 13.24

– Дони Петличковски освои петто место во категорија млади младинци, во дисциплината 800 метри мажи, со резулатат 2,26.10

– Христијан Шаклевски освои осмо место во сениорска конкуренција, во дисциплината 1500 метри мажи, со резултат 5,32.51

– Јана Стефановска освои второ место во категорија млади младинки, во дисциплината 400 метри жени, со резултат 65.94

Евротип
SNBROKER
To Top